Следете нѐ

UFC

(ВИДЕО) ПОТВРДЕНО: Хабиб и МекГрегор повторно во рингот

Претседателот на УФЦ, Ден Вајт потврди дека во 2019-та година ќе се одржи нова борба помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.

Огромно внимание привлече нивната борба во октомври 2018 година, кога Дагестанецот буквално го прикчешти Мекгрегор и го присили да се предаде. Оваа борба предизвика општ хаос и по завршување на борбата, во која вклучени беа и Хабиб и МекГрегор. Дагестанецот беше толку револтиран од авредите на негова сметка, па откако го суреди својот противник, се фрли во трибините да се пресмета и со тренерискиот тим на Мекгрегор.

Казните и евентуалните суспензии за направените прекршоци на двете УФЦ ѕвезди ќе бидат познати кон крајот на јануари кога ќе се одржи сослушување на Атлетската комисија во Невада, каде што мегудругото, ќе се дискутира и за оваа борба. Сепак, Ден Вајт потврди дека оваа година Хабиб и Конор повторно ќе се борат и дека сè ќе зависи од должината на казната што ќе ја добијат.

“Верувам дека многумина сакаат повторно да ја видат оваа борба. Сепак, мораме да почекаме и да видиме што ќе се случи со санкциите, бидејќи тие сеуште не се сослушани. Сепак, нова борба мора да се случи, а кога ќе се случи, ќе знае точно кога ќе бидат познати сите детали околу суспензијата. Верувам дека овој натпревар ќе се одржи оваа година. Повторувам, ние мора да ја причекаме Одлуката на Атлетската комисија, но ДА борбата ќе има”, рече Вајт.

Повеќе од UFC