Следете нѐ

ДРУГО

Јаница роди син, Хрватска доби нов шампион?

Најдобрата коцкеста скијачка на сите времиња, стана мајка и роди машко дете, кое што се вика Оскар и кој што ќе биде поттикнат да тренира скијање, што е семејна традиција меѓу членовите на семејството Костелиќ.

Големата спортска ѕвезда на оваа земја, сега државен секретар за спорт, се породи на 1-ви јануари 2019-та година во Петрова болница, оддлението за гинекологија и акушерство, при Централниот университетски клинички центар во Загреб.

Јаница полни (5-ти јануари) 37 години, 2007-та се повлече од скијањето, во пребогатата кариера освои се што еден скијач може да замисли – 4 златни и 2 сребрени олимписки одличја, 5 титули светски шампион, три пехари во Светскиот куп.

Нејзиниот брат, Ивица исто така има бројни медали во овој спорт, а двајцата беа неуморно следени од нивниот татко Анте, кој што слободно може да се прогласи за најдобриот скијачки тренер на сите времиња, со оглед на неговиот процент на успешност во создавање светски асови – кој што е 100%.

Повеќе од ДРУГО