Следете нѐ

UFC

Хабиб за малку не го нокаутирал Ди Каприо!

Поминаа 4 месеци, но уште се зборува за УФЦ борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Кон МекГрегор во Лас Вегас.

Дагестанецот го претепа својот ривал, но тука не завршија возбудувањата бидејќи веднаш потоа скокна на неговиот стручен штаб. Дојде до масовна тепачка во која не се знаеше ни кој удира, ни кој прима удари.

Четири месеци не се знаеше дека во тој хаос ќотек можел да добие и славниот холивудски актер Леонардо ди Каприо.

„Лео ми кажа дека седел на само пет метри и дека малку фалело да го нокаутирам“, откри Нурмагомедов кој подоцна имал средба со Ди Каприо.

Инцидентот доби свој епилог неодамна кога тој доби деветмесечна суспензија и казна од 500 илјади долари, а МекГрегор само шест месеци и 50 илјади.

Повеќе од UFC