Следете нѐ

АТЛЕТИКА

Семенја е машко, не смее да се натпреварува со жени

Меѓународната атлетичарска федерација и ја одзеде дозволата за натпреварување на Јужноафриканката Кастер Семенја поради зголемено ниво на тестостерон.

Со тоа го стави во прашање полот на двојната олимписка и тројна светска шампионка на 800 метри.

Семенја најави жалба на Судот за спортска арбитража во Лозана, а се јави и владата на Јужна Африка која застана во одбрана на својата атлетичарка.

„Овде не се работи само за спорт. Женските тела, нивниот живот и можноста за заработка се доведени во прашање.

Овде се работи за женскиот идентитет, припадноста во светот и безбедноста. Тоа е огромно кршење на усвоените стандарди за човечки права“, изјави министерката Токозиле Ксаса.

ИААФ наведе дека целта на оваа одлука не е да ја оневозможи Семенја или кој било друг да се натпреварува, туку да се обезбедат еднакви услови во спортот за сите.

Повеќе од АТЛЕТИКА