Следете нѐ

ДРУГО

Првенче за Вениер во Светскиот куп

Австриската скијачка славеше на германската спуст патека во Гармиш-Партенкирхен, со време 1:37, 46. Втора низ целта помина Гоџа од Италија, трета беше домашната натпреварувачка Вајдле.

Со оваа победа, Штефани Вениер сега е на четвртата позиција во спуст со 295 бода зад нејзиното име, сезонава.

Лидер е нејзината сонародничка Шмидхофер со 364, пред уште една нивна сонародничка Зибенхофер со 346, а Илка Штухец од Словенија е трета со 343.

Во генералниот поредок води американската скијачка Микаела Шифрин со 1494 бода, пред Петра Влхова од Чешка со 898 бода и Венди Холденер од Швајцарија со 637.

Повеќе од ДРУГО