Следете нѐ

ДРУГО

Почина финската легенда Мати Никенен

Идолот и миленик на цела генерација љубители на зимските спортови почина на 55-годишна возраст.

Легендарниот Финец одбележа една ера во скијачките скокови во 80-тите години од минатиот век. На Олимписките игри во Сараево освои четири златни медали и една бронза на малата скокалница, а во Калгари уште едно злато.

Оствари вкупно 46 победи, а 76 пати се најде на победничкиот подиум во Светскиот куп во скијачки скокови. Кариерата ја заврши во 1991 година.

Потоа имаше проблеми со алкохолот, а се обиде и со пеење, но не се прослави иако два дена пред смртта имал настап со својот бенд.

Повеќе од ДРУГО