Следете нѐ

ОДБОЈКА

Поразот кај Украина не оддалечи од ЕП

Нашата машка селекција беше совладана со 3:1 во квалификациите за следниот континентален собир, со 25:19, 28:26, 23:25 и 25:23. Иако нашите репрезентативци скапо си ја продадоа кожата, исходот од овој дуел ни ги загрози шансите за надигрување со најдобрите на Стариот континент.

Украинците се пласираа на ЕП 2019, а Швајцарија со победата против Унгарија се изедначи со нашата репрезентација со по 6 бода на табелата, додека Унгарците се последни со три бода. НА ЕП одат победниците во седумте групи и 5-те најдобри второпласирани селекции.


rezultati.com

Во последното коло играме со Унгарија, резултати кои што ќе се изземат во табелата на второпласираните селекции, затоа што во нашата група има 4 селекции, а во другите по три.

Последното коло се игра на 9-ти јануари, Македонија и е домаќин на селекцијата на Унгарија, а Швајцарија на Украина. Нашата судбина и пласманот на ЕП ќе зависат и од останатите резултати во останатите квалификациски групи.

фото: архива (cev.eu, 2014)

Повеќе од ОДБОЈКА