Следете нѐ

ОСТАНАТО

Помош од АСОМ за семејствата на трагично загинатите во автобуската несреќа

Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија (АСОМ) и нејзините постојани и придружни членки: Спорт Лајф, Моцарт, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Банана Кик, изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и се надева на што поскоро опоравување на повредените во автобуската несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово.

Трагедијата е огромна, болката е заедничка, човечките животи незаменливи. Тагата и болката не познаваат граници, ниту нација, ниту вера. Тагата е заедничка и сите заедно сплотени чувствуваме морална обврска да се обидеме да им помогнеме на нашите сограѓани.

Членовите на АСОМ итно и едногласно донесоа одлука за донирање на средства во висина од 1.200.000 денари како помош за семејствата на настраданите во оваа голема трагедија.

Повеќе од ОСТАНАТО