Следете нѐ

ОДБОЈКА

Патот на одбојкарите до ЕП, со многу непознати

Нашата машка А селекција веќе не ја крои сама судбината, по поразот од Украина во претходното коло во евроквалификациите. Вомоментов сме второпласирана репрезентација во групата.

Најдобрите 5 второпласирани селекции од 7 групи одат на континенталниот собир, а да бидеме меѓу нив, треба да се исполнат три услови:

– Првиот е победа на Македонија против Унгарија од 3:0, во Скопје (09.01.2019, 20:15 часот)
– Вториот е победа на Летонија против Израел, во првиот меч беше 3:0 за Израелците (25:23, 29:27, 25:13)
– Третиот е победа на Шведска против Азербејџан, на првиот меч беше 3:2 за Азербејџан

На нашите одбојкари им е потребна помош од публиката, да се обидат за прв пат да стигнат до едно големо натпреварување или барем чесно да се простат од квалификациите.

фото: архива (cev.eu)

Повеќе од ОДБОЈКА