Следете нѐ

ОДБОЈКА

Македонија во четвртиот шешир на ждрепката за ЕП

Дебитанскиот настап на континенталните натпреварувања, нашата одбојкарска репрезентација нема да го дочека како комплетен аутсајдер.

ЦЕВ ги објави шеширите за ждрепката за Европското првенство која ќе се одржин на 16 јануари во Брисел. Нашиот национален тим е сместен во четвртиот заедно со Шпанија, Украина и Грција.

Веќе е познато дека во А групата ќе биде Франција, во Б групата Белгија, во Ц групата Словенија, а во Д групата Холандија. Овие четири држави се ко-домаќини на Европското првенство што ќе се одржи од 12 до 29 септември.

Натпреварите ќе се играат во осум града: Монпеље, Нант, Париз, Брисел, Антверпен, Љубљана, Ротердам, Амстердам и Апелдорн. Првпат во историјата ќе настапат 24 репрезентации кои ќе бидат поделени во четири групи од по шест.

Повеќе од ОДБОЈКА