Следете нѐ

ДРУГО

Нов владетел? Два од два за Кобајаси!

Јапонскиот скокач беше најдобар и на втората од четирите новогодишни скокалници, на Гармиш-Партенкирхен, во ист стил како што го направи тоа во Оберстдорф.

Маркус Ајсенбихлер водеше пред последниот скок, со 135 метри и со вкупен скор од 264.7 бода, по оценките на судиите.

Јоји Кобајаси имаше 140 метри во квалификациите, 133 во финалниот настап, за оценка од 266.6 откако судиите го кажаа конечниот збор.

Во генералниот поредок на турнејата „Четири новогодишни скокалници“, води Кобајаси пред Ајсенбихлер, каков што беше распоредот на двете германски скокалници.

Турнејата се сели во Австрија, во Инсбрук на 4-ти јануари и во Бишофсхофен на 6-ти јануари.

Повеќе од ДРУГО