Следете нѐ

ОДБОЈКА

Момчиња, знаете ли што направивте?

Македонските одбојкари, иако по потешкиот пат, сепак не престанаа да веруваат и се пласираа на завршницата на континенталниот собир, за прв пат во нашата историја.

Нашата одбојка со години наназад кубури со средства и со услови за игра и за елементарен развој на овој спорт кај нас и затоа овој историски успех е со уште поголемо значење.

Во последното квалификациско коло, беше совладана селекцијата на Унгарија со чисти 3:0 (25:21, 25:20, 25:21), резултат што во ниту еден момент не беше загрозен.

Другите два услова беа исполнети претходно, Шведска славеше против Азербејџан со 3:0, а Летонија го совлада Израел со 3:1. Тоа беа двете победи што ни требаа за огромниот одбојкарски чекор.

На табелата со второпласираните селекции од седумте групи, чии што победници исто така се пласираа на ЕП, нашата е на 5-та позиција, која што последна води на Европското првенство.

Зад нас останаа и извисија репрезентациите на Израел и Азербејџан, а со нас во пакет ќе патуваат најдобрата второпласирана репрезентација Финска, потоа Австрија, Белорусија и Црна Гора.

Европскиот самит ќе се одржи од 13-ти до 29-ти септември годинава, во четири земји – Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Повеќе од ОДБОЈКА