Следете нѐ

ОДБОЈКА

Македонија во групата во Љубљана, имаме шанса за осминафинале

Своето деби на Европските првенства, нашата одбојкарска репрезентација ќе го забележи во словенечката престолнина.

Ждрепката одлучи за противници да ги добиеме домаќинот, Русија, Финска, Турција и Белорусија. Иако се работи за одлични селекции, се чини дека имаме шанси да се бориме за четвртото место кое води во нокаут фазата.

Европското првенство ќе се игра од 13 до 29 септември во осум града во четири држави: Монпеље, Нант, Париз (Франција), Брисел, Антверпен (Белгија), Љубљана (Словенија) и Ротердам, Амстердаа и Апелдорн (Холандија). Првпат во историјата ќе настапат 24 репрезентации кои ќе бидат поделени во четири групи од по шест.

Нашата репрезентација е една од дебитантите на континенталните шампионати, заедно со Црна Гора.

Повеќе од ОДБОЈКА