Следете нѐ

ДРУГО

Кралот ја загуби круната, нов дечко сега владее

Џад Трамп (29) ја освои титулата на најпрестижниот снукер турнир во годината, финалето над сите финалиња, Мастерсот. Да биде оваа победа поголема од најголемата, славеше против легендарниот Рони Осаливен.

Во 45-то финале на меѓу натпреварувачите најценетиот настан, освен најзначајната победа во кариерата, Трамп заработи 200.000 фунти во неговото прво мастерс финале.

Јасно беше кој ќе победи, по водството 7:1, кога за престврт не помогнаа ниту двата чисти (century) гејма на Осаливен, кој што го доживеа најтешкиот пораз во 13-те мастерс финалиња, со 10:4.

Рони Осаливен е седумкратен победник на Мастерс турнирите и беше двократен владетел, ги освојуваше титулите во 1995, 2005, 2007, 2009, 2014, 2016 и 2017 година.

На 43 годишна возраст, популарната Ракета го доживеа само третиот пораз сезонава, втор од Трамп по финалето на Северна Ирска и еден од Марк Дејвис во полуфиналето на Инглиш Опен, а го одигра петтото финале во тековното првенство.

Повеќе од ДРУГО