Следете нѐ

ДРУГО

„Кожувчанка“ е нов партнер на Федерацијата на училишен спорт

„Кожувчанка“ ДОО потпиша договор за соработка со Федерацијата на училишен спорт.

За целата 2019-та година постојат план и програма направени од Федерацијата на училишен спорт, а сега заедно со „Кожувчанка“ ДОО како верен поддржувач и помагател на спортот во државата ќе се обидат да го подобрат и зајакнат организацискиот модел на училишниот спорт, со кој веруваат дека ќе се постигнат поефикасни резултати во развојот на целокупниот спорт во нашата држава.

“Еден од планираните проекти за тековната 2019-та година кој што е содржан во нашиот маркетинг буџет е токму оваа соработка со училишниот спорт, како дополнителен мотив за младите спортисти, федерацијата и спортските работници. Се надевам дека секоја наредна година нашата поддршка ќе се зголемува, а ние ќе се вложуваме за да придонесеме во јакнење на овој систем, бидејќи нашиот најголем фокус, а воедно и за секое општество, се младите како основа и двигатели на едно здраво општество”, изјави маркетинг менаџерот на „Кожувчанка“ ДОО Кавадарци, Митко Јовановски.

Федерацијата на училишен спорт е комплексна федерација која што ги има интегрирано сите 460 училишта (основни и средни), поткрепени со 36 општински сојузи на училишен спорт.

“Голема благодарност до компанијата „Кожувчанка“ за поддршката која што ја дава, и за овој почеток каде основен акцент се става на масовноста на младите во спортот и се надеваме на долгорочна и успешна соработка”, истакна претседателот на федерацијата Александар Туфекчиевски.

Повеќе од ДРУГО