Следете нѐ

КАРАТЕ

КФМ ги прогласи најдобрите, Мојсовска и Павлов се лауреатите

Најдобрите каратисти (сениори) на годината што помина, во изборот на Македонската Карате Федерација, се Ангела Мојсовска во женска конкуренција и Емил Павлов во машка конкуренција.

Меѓу сениорите, во кати најдобри се Пуликсенија Јовановска и Фери Исиќ.

Во категоријата помлади сениори, наградите ги добија Матеја Талеска и Јован Васиќ во кати, односно Вероника Костовска и Петар Спасеновски во борби.

Во јуниорска конкуренција, прогласени беа Владанка Аврамова и Александар Неделковски во кати, односно Маја Милева и Фаик Весели во борби.

фото: Емил Павлов е нашиот европски шампион

Кај кадетите, доминираа Јована Начевска и Кристијан Бајовски во кати, односно Магдалена Божиновска и Марио Свинарски во борби.

За најдобар тренер во сениорска конкуренција беше прогласен Сашо Арсовски, а во младинска конкуренција признанието го доби Александар Кузмановски.

За најуспешен сениорски колектив беше прогласен КК Штип, а во младинска конкуренција КК Олимпик спорт 2007 од Скопје.

Повеќе од КАРАТЕ