Следете нѐ

ДРУГО

Историја за Кобајаси со спектакуларниот грен слем

Јапонскиот ски скочач победи и на четвртата новогодишна скокалница, со што ги комплетира сите четири во колекцијата 2019-та и е само третиот човек во историјата на кој што ова му пошло од рака.

Во Бишофсхофен, Јоји Кобајаси славеше пред Давид Кубацки од Полска и Штефан Крафт од Австрија, кои што во ниту еден момент не го загрозија пласманот на големата јапонска спортска надеж.

Со овој спектакуларен триумф 22-годишниот Јапонец влегува во елитната тројка, заедно со Свен Ханавалд од 2002-та и двократниот шампион кого го симна од тронот, Камил Стох кој што победи во ист стил минатата сезона.

Кобајаси во моментов е лидер во севкупниот поредок, а следниот голем предизвик ќе му биде Светското првенство во австрискиот ски-центар Тирол, кое што стартува на 20-ти февруари.

Повеќе од ДРУГО