Следете нѐ

ОДБОЈКА

Историјата ќе ја пишуваме против Финска

Одбојкарската репрезентација на Македонија го дозна распоредот на натпревари за својот дебитантски настап на големите натпреварувања, конкретно Европското првенство 2019 година.

Историскиот натпревар ќе го играме на 12 септември во Љубљана против селекцијата на Финска која е наш прв противник во групата Ц.

Понатаму следуваат дуелите со Турција, Русија, Белорусија и на крајот Словенија со само еден слободен ден – 15 септември.

Дополнително ќе бидат одредени точните термини, односно сатницата за овие натпревари.

фото: CEV

Повеќе од ОДБОЈКА