Следете нѐ

КАРАТЕ

ИНТЕРВЈУ: Емил Павлов – најдобар спортист и каратист на Македонија за 2018

Нашиот европски шампион ја доби наградата за најдобар во изборот на АМС, за годината што е зад нас, воедно беше прогласен за број 1 и во изборот на Карате Федерацијата на Македонија.

Европскиот медал и беспоштедното залагање вродија со плод, што само треба да биде дополнителна, пред се психолошка инјекција, за негово понатамошно надградување.

„Се чувствувам прекрасно, ова признание е награда за целиот мој вложен труд и е мотив повеќе за во иднина да продолжам со макотрпната работа за уште поголеми резултати.“ – вели Павлов, за нашиот портал.

Македонија последните години бележи успеси во карате, спорт кој што е на високо ниво кај нас, во кој што се вложува според потенцијалот што се има во моментов, иако секогаш може и треба да се стремиме кон подобри резултати.

„Моментално ние каратистите имаме прекрасни услови за тренинг и за натпреварување, благодарение на нашата федерација и на претседателот Драган Стојановски, потоа на Агенцијата за Млади и Спорт и на Македонскиот Олимписки Комитет.“ – вели Павлов.

Најсјајното одличје во соседна Србија, е врвот во досегашниот тек на кариерата, на Емил Павлов (26).

„Минатата година беше најуспешна сезона во мојата кариера, имав големи резултати, но би го издвоил златниот медал од Европското првенство во Нови Сад.

Во 2019-та следуваат голем број на натпревари, акцент ќе ставиме на Светските Премиер лиги кои што ќе бидат критериум за ЛОИ во Токио.

Воедно ќе треба да покажеме колку вредиме и на Европското првенство и Европските Игри.“ – завршува Павлов.

Редакцијата на Sportmax.mk му честита за постигнатите успеси и му посакува што повеќе медали и успеси, на сите полиња во животот.

Интервју: Борјан Неделковски

фотографија: Facebook

Повеќе од КАРАТЕ