Следете нѐ

ДРУГО

Хиршер ја освои Снежната Кралица

Австрискиот скијач славеше на хрватската слалом патека, во рамките на Светскиот куп, со 1:48.64 во второто возење, по катастрофалното прво.

Ова е петта победа за Марсел Хиршер на Сљеме, по триумфите 2002, 2013, 2015 и 2018-та година. Втор беше Алекси Пантиро од Франција, а трет заврши Австриецот Мануел Фелер.

Со 64-та победа во кариерета, во Светскиот куп, Хиршер го зголеми водството во поредокот сезонава со 756 бода, пред норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен со 421 бод.

Американката Микаела Шифрин победи пред Петра Вхова и Венди Холдинер од Швајцарија, со што го зголеми водството во генералниот поредок (1214), пред конкурентката од Словачка (748).

фото: Snow Queen Trophy

Повеќе од ДРУГО