Следете нѐ

ДРУГО

Скопје Вајлд Боарс првата македонска рагби екипа

Скопје Вајлд Боарс е нова македонска екипа. Но, за разлика од останатите вообичаени екипи, ова е првата македонска екипа во рагби, спорт кој досега воопшто не беше познат за македонската јавност!

Клубот е нов, оформен изминатото лето 2018 година, а Скопје Вајлд Боарс првиот натпревар го одиграа во декември 2018 година. Со тоа започна една прекрасна приказна за група ентузијасти кои со целата своја сила и енергија се борат да го издигнат овој спорт на македонското поднебје.

Во моментов, бидејќи се работи за нов тим во кој голем дел од играчи се почетници, резултатите се во втор план, но како и сите останати спортисти, кога играат секогаш сакаат да победат.

Доказ за нивната посветеност е турнирот на кој ќе настапат во рагби 10ки, на кои учество ќе земат три екипи. Покрај, македонската екипа Скопје Вајлд Боарс, ќе настапат и косовските екипи Приштина Беарс и Пеѓ Иглс.

Турнирот е со екипи од Косово, кои веќе имаат и своја рагби федерација. Целта на овој турнир е да се запознае јавноста соовој спорт и колку што е можно повеќе да се популаризира, а во иднина и Македонија да има своја рагби федерација и многу нови екипи.

Првото коло од турнирот се игра на 07.04.2019 година (недела), кога во Скопје гостува екипата на Пеѓ Иглс. На вториот натпревар, Скопје Вајлд Боарс гостува во Приштина кај Беарс, потоа повторно гостување кај Пеѓ Иглс на 12ти мај, за на крај повторно на домашен терен, ги пречекуваат Приштина Беарсна 19ти мај за крај на турнирот.

Натпреварот во недела е со почеток во 13:30 часот на игралиштето на Локомотива во Скопје.

Со овој турнир, се испишува историјата и почетоците на овој спорт во Македонија и во регионот.

Повеќе од ДРУГО