Следете нѐ

ДРУГО

Се што треба да знаете за Супер Боул

Во пресрет на 53-от Супер Боул, големото финале на најсилната американска фудбалска лига во светот, НФЛ во кое ќе настапат екипите на Лос Анџелес Рамс и Њу Ингланд Патриотс, еве неколку податоци што треба да ги знаете за натпреварот за титулата.

Американците ги мразат Патриотс

Тоа што се Голден Стејт Вориорс во НБА лигата, екипа што е толку многу квалитетна што ја прави лигата неинтересна, тоа се ЊИ Патриотс во американскиот фудбал. Ситуацијата во нивниот случаје уште полоша, поради системот на елиминација во НФЛ, во кои што фановите секоја година се надеваат дека Патриотс нема да се пласираат во финалето, но еве ги Њу Ингланд таму се веќе трета година по ред. Кај Вориорс, фановите веќе прифатија дека нема екипа која што е кадарна да ги победи четири пати во Плеј-оф разигрувањето.

Патриотс кaко франшиза освоија пет титули во Супер Боул, а легендарниот квотербек, Том Брејди и тренерот Бил Беличек се најзаслужни за овие титули. Брејди играше во девет натпревари од Супер Боул, што е рекорд на НФЛ. Некои се љубоморни, други се уморни од гледање на доминацијата на Патриотс, но голема омраза кон нив потекнува од нивните обиди за мамење.

Тренерот Беличек во 2007-ма година беше казнет со 500.000 долари, бидејќи беше докажано дека испратил скаути да го снимаат тренингот на противничката екипа. Тоа беше една од ретките сезони во последните 20 години во која што Патриотс не стигнаа до Супер Боул.

За Патриотс, освен нивните навивачи кои секако ќе навиваат за нив, поддршка ќе имаат и од фановите на Њу Орлеанс. Рамс во полуфиналето ги победија Сентс на многу контроверзен начин, по судиска грешка, кога домаќините на тој натпревар на 1:45 до крајот на натпреварот при резултат 20:20, имаа трет обид за 10 јарди. Квотербекот Дру Брис фрли одличен пас кон Томи Ли Луис, но противничкиот одбранбен играч Никел Роби Колмен го фаулираше (pass interfirence), но судиите останаа неми и не го досудија очигледниот прекршок, кој на Сентс ќе им донесеше нови четири обиди за тачдаун, а со оглед дека се наоѓаа во опасната зона и многу веројатна победа.

Ѕвезди на вечерта, освен Том Брејди

Дури и никогаш да не сте гледале натпревар од НФЛ, сигурно сте слушнале за Том Брејди. Човекот едноставно е икона во спортот, тоа што е Мајкл Џордан во кошарката, Роџер Федерер во тенисот и Лео Меси во фудбалот, тоа е Том Брејди во американскиот фудбал (НФЛ).

Тод Гурли (Рамс) е najdobriot офанзивен играч за претходната година и е еден од најдобрите тркачи во лигата. Сепак, регуларната сезона ја заврши со повреда, иако од неговиот тим велат дека тој е максимално подготвени за големото финале. Доколку Гурли е на 100% ос своите можности, тогаш способен е во секој момент да ја измами одбраната и да го реши натпреварот.

Арон Доналд (Рамс) втора година по ред ќе биде избран за дефанзивен играч на годината. Цела ноќ ќе биде кошмар за Брејди и соиграчите.

Роб Гронковски (Патриотс) е најсигурната цел на Брејди. Со Патриотс, тој веќе освои две титули и се зборува дека ова може да биде негов последен натпревар  во кариерата, бидејќи сака да се фокусира на актерската кариера.

Џулијан Еделман (Патриоти), исто како и Гронковски, е многу веродостојна цел за Брејди, иако не може да се мери со Гронка во физичките способности. Тој, исто како и Гронковски, веќе има две титули од Супер Боул.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Интересни статистики и факти

Ова е 11-ти настап на Супер Боул во историјата на франшизата на Њу Ингланд Патриотс. Ниту една друга франшиза нема повеќе настапи во Супер Боул од нив. Патриотс се само третиот тим во историјата, по Мајами Долфинс и Бафало Бил со три последователни настапи во Супер Боул.

Рамс имаат само четири играчи со Супер Боул искуство, додека Патриотс имаат дури 28.

Шон Меквеј, тренерот на Рамс со своите 33 години е најмладиот тренер во историјата на Супер Боул. Беличек, на спротивната страна, има 66 години, и својата прва титула како тренер ја освои еден ден по раѓањето на Меквеј. Како 34-годишен беше координатор на дефанзивната постава на Њујорк Џајантс на 21-от Супер Боул.

Патриотс и Рамс играа во Супер Боул финалето пред 17 години, а тогаш славеа Патриотс. Вечерашниот натпревар се игра на истиот датум како и пред 17 години.

Повеќе од ДРУГО