Следете нѐ

ДРУГО

(ВИДЕО) Преку Кобајаси, Јапонците повторно владеат со летовите

Јапонскиот ски скокач е на прагот на историја, со победа и на третата од четирите новогодишни скокалници, во турнејата 2018/19.

Јоји Кобајаси победи во Инсбрук и на патот кон финалниот во Бишофсхофен, чекори по стапките на Ханавалд од 2002-та и Стох минатата сезона, кои што победија на сите 4 настани.

Големата 22-годишна надеж на јапонскиот спорт, е фаворит за првата новогодишна титула во неговата кариера, а во голема мера и статистиката е на негова страна.

Дури 10 од претходните 11 ски-скокачи, кои што победиле на првите три настани, биле севкупни лауреати и го освојувале големиот трофеј, сон на сите што настапуваат во оваа дисциплина.

Единствениот што не успеал, е неговиот сонародник Јукио Касаја во 1972 кога шампион бил Норвежанецот Инголф Морк, кој што пак без победа на ниту една скокалница бил севкупен победник.

Јапонецот беше подобар од Штефан Крафт, а второпласираниот на претходните два настапа, Маркус Ајсенбихлер заврши на 13-та позиција.

Единствениот јапонски претставник што претходно триумфирал на новогодишната турнеја, е Казиоси Фунаки во сезоната 1997/98.

Австријците доминираа од 2007-та до 2015-та, последен победник од оваа земја е Крафт. Потоа славеше Словенецот Петер Превц, а последните две сезони победуваше Полјакот Камил Стох.

Повеќе од ДРУГО