Следете нѐ

UFC

Го уништија Хабиб – девет месеци и 500 илјади долари!

Дагестанскиот УФЦ борец е жестоко казнет за својот испад по борбата со Конор Мекгрегор кога ја прескокна оградата и тргна да се пресметува со противничкиот струшен штаб и навивачите.

Двајцата се казнети, но Хабиб Нурмагомедов драстично повеќе од својот ривал. Тој е суспендиран на девет месеци, со можност оваа казна да се намали на шест, а ќе му бидат одземени и 500 илјади долари од премијата од два милиона.

Суспензијата на Конор Мекгрегор изнесува шест месеци и само 50 илјади долари и тој ќе може да се врати на 6 април 2019 година.

Казнет е и Абубакар Нурмагомедов од кого почна инцидентот. Тој е суспендиран на една година и парична казна од 25 илјади долари.

Повеќе од UFC