Следете нѐ

ДРУГО

Австриски скијач се допингува, полиција му дојде на врата (ВИДЕО)

Австриската полиција објави видео од апсењето на нордискиот скијач Макс Хауке додека бил во процес на примање инфузија на крв што се смета како допинг.

Хауке е еден од петте скијачи кои полицијата ги уапси во Зефелд, местото на одржување на Светското првенство. Сите се сомничат за измами во професионалниот спорт.

“Тоа е одвратно, нема место во спортот и не можат да сфатам дека го правел тоа. Не го мразам, но не сакам да го видам на патеките повторно“, порача неговиот партнер Ендрју Јанг.

Трансфузијата на крв е забранета бидејќи го зголемува нивото на кислород во крвта и им помага на спортистите да бидат поиздржливи.

Повеќе од ДРУГО