Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Свети Андре Тер Штеген

Барселона го одигра и третиот нерешен натпревар по ред во период од една недела, а втор во шпанското првенство.

По 2:2 со Валенсија и 1:1 со Реал, ремизираше без голови со Атлетик Билбао и сега е на само шест бода предност пред најблискиот ривал. Тоа ништо не значи бидејќи повторно има предност од два натпревара, односно смее да си дозволи два пораза повеќе од Реал до крајот на сезоната.

И Барселона треба да биде задоволна од овој епилог затоа што посериозните шанси ги имаше Атлетик. Се истакна Марк Андре Тер Штеген кој забележа три интервенции во кои спречи сигурни голови на противникот.

Најсериозната ја имаше Ињаки Вилијам во финишот од натпреварот кога германскиот голман одбрани со телото.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ