Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

„Ѓаволите“ бираат меѓу две зла: Јунајтед го одлучува шампионот!

Манчестер Сити им е градски ривал, но без голема традиција во меѓусебните дуели, а Ливерпул им е најблиску по бројот на титулите во англиското првенство.

Ако „црвените“ триумфираат оваа сезона, ќе се доближат на еден трофеј. Манчестер Сити има само 5 и најмногу што може е да се израмни со Челси и Сандерленд. Има тој клуб уште многу фурни да изеде додека го стигне Јунајтед и прашање е дали некогаш ќе успее во тоа.

Манчестер Јунајтед игра со двете екипи до крајот на сезоната и двата дуела се на Олд Трафорд. По паузата поради ФА Купот доаѓа Ливерпул, а Сити гостува на 16-ти март.

Јунајтед си има свои математики и пред се ќе се бори за себе затоа што уште не стигнал до четвртата позиција која носи во Лигата на шампионите. И натпреварите со претендентите за титулата се премногу рано за да бидат решавачки, но сигурно момците на Солскјер можат да дадат придонес во борбата.

Навивачите се категорични: што и да се случи, Ливерпул не смее да биде шампион. А, кутрите „црвени“, 29 години чекаат на титулата.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ