Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Трет Малдини пред портите на првиот тим на Милан

Најславните денови во своето постоење „росонерите“ ги поминаа со еден од двајцата фудбалери, инаку татко и син, со исто презиме.

Чезаре Малдини освои 4 титули во првенството и една во Купот на шампионите како фудбалер, подоцна како тренер триумфираше во Купот на победниците на куповите и во Купот на Италија. Паоло беше многу поуспешен, 25 години го носеше црвено црниот дрес, постави низа рекорди кои тешко ќе се турнат.

Во шампионот на Италија освои 7 титули, во Купот и Лигата на шампионите вкупно 5, а има трофеи и од Купот на Италија, Супер купот на Италија и УЕФА, Интерконтиненталниот куп и Светското клупско првенство.

По нивните стапки наскоро треба да тргне синот на Паоло и внук на Чезаре, Даниел кој има 17 години и игра во младинскиот тим на Милан со две години постари соиграчи. Против Палермо постигна прекрасен гол во победата од 3:1, но за разлика од неговите претци не игра дефанзивец, туку играч за врска.

Ако се укаже шанса пред крајот на оваа сезона може да заигра и за првиот тим, но и да не се случи тоа оние што го знаат фудбалот се сигурни дека му претстои блескава иднина.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ