Следете нѐ

ДОМАШЕН ФУДБАЛ

Судиите го одлучија македонското првенство!

Втор натпревар по ред Вардар е оштетен од судиите во дерби дуелите со Шкендија. Во Маџари им признаа гол на тетовци, а во Тетово не му признаа гол на најтрофејниот македонски клуб.

Во 39-тата минута, кога Шкендија веќе имаше водство од 1:0, Филип Најдовски шутна од околу 40 метри и го совлада домашниот голман Захов.

Фотографиите и забавените снимки покажуваат дека топката ја минала гол-линијата, но петмина судии на Градскиот стадион во Тетово не го забележаа тоа.

Овој момент директно влијаеше на конечниот исход бидејќи шампионот победи со 1:0 и отиде на +8 од Вардар, разлика што можеби нема да биде достижна за Вардар до крајот на сезоната.

На тимот од Скопје сега му види и втората позиција бидејќи Академија Пандев со победата против Македонија ЃП на домашен терен се доближи на само два бода.

Повеќе од ДОМАШЕН ФУДБАЛ