Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Салах уште е најдобар на „црниот континент“

Суперѕвездата на Ливерпул вторпат по ред го освои признанието за играч на годината во Африка.

Очекувано иако во 2018 не освои ниеден трофеј со својот тим или со репрезентацијата. Сепак, со Ливерпул стигна до финалето во Лигата на шампионите, а со Египет настапи на Светското првенство во Русија.

Постигна вкупно 44 гола во сите натпреварувања и беше најдобар стрелец во Премиер лигата минатата сезона со 32 гола на кои додаде 10 асистенции.

Во конкуренција за ласкавото признание беа уште неговиот соиграч од Ливерпул, Мане и габонскиот репрезентативец и член на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ