Следете нѐ

РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ФУДБАЛ

Елмас неизвесен за дуелот против Австрија

Македонската фудбалска репрезентација се соочува со проблеми пред натпреварот против Австрија, четврти за нас во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Станува збор за повредата на Ељиф Елмас. Младиот фудбалер на Фенербахче се здоби со удар по еден дуел со Роберт Левандовски, а селекторот Ангеловски истакна дека шансите да не игра се 70% затоа што има голем оток на зглобот.

Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра в понеделник од 20:45 часот.

Македонија по три кола има четири бода, додека Австријците на табелата се наоѓаат на четвртото место со три бода од последниот дуел со Словенија.

Повеќе од РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ФУДБАЛ