Следете нѐ

РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ФУДБАЛ

Ангеловски и Несторовски: Во континуитет играме добро, против Австрија се надеваме дека играта ќе ни донесе и бодови

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за претстојниот натпревар против Австрија од квалификациите за ЕУРО 2020. Нашата најдобра селекција вечерва на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 19:15 часот ќе го одржи официјалниот тренинг, а на прес – конференција говореа селекторот Игор Ангеловски и репрезентативниот напаѓач, Илија Несторовски.

Селекторот Ангеловски информираше дека Елиф Елмас поради повреда на зглобот на ногата е неизвесен за наспат против Австрија. Сите други се во комбинација и конкурираат за место во тимот на утрешниот дуел на Националната арена „Тодор Проески“.

Мора да настојуваме да бидеме на висината на задачата. Ние во континуитет играме добро, тоа не беше само со Полска, туку и со Словенија и Летонија. За жал тоа не ни донесе резултат, но се надевам дека со Австрија ќе дојдеме до бодови. Немам намера да отстапам од нашиот стил на игра и понатаму,. Австрија си има свои квалитети, имавме можност да го изанализираме нивниот натпревар со Словенија во кој славеа. Имаат индивидуални квалитети, но и како тим се доста добри. Се работи за крај на сезона, но мислам дека ќе останат во својот бундеслигашки стил и се потпираат на дуел-игра и трчање“, изјави Ангеловски.

Ние подолго време играме добро, против сите репрезентации играме да дадеме гол и да бидеме подобри. Бевме доста добри со Полска, а ако согледаме добро се работи за еден квалитетен тим. Штета за нас што не одигравме барем нерешено. Ни дадоа шут по еден обичен допир. Имавме полуизгледни шанси. Се надевам дека против Австрија ќе успееме да постигнеме гол“, изјави Несторовски.

Повеќе од РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ФУДБАЛ