Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Пике го уништува тенисот за пари!

Поранешниот светски рекет број 1 и двоен победник во Дејвис Купот, машкото репрезентативно натпреварување што следната година згаснува на сметка на Светскиот Куп, го нападна фудбалерот на Барселона.

„Ова е смешно. Тенисот го води фудбалер. Тоа е исто како јас да ја организирам Лигата на шампионите на УЕФА. Тој не знае ништо за тенисот. Ова е тотален нон-сенс.

Негова компанија практично ја купи ИТФ и сега гледаме шпански спонзори на тениски натпревари, шпанската фудбалска лига е најголемиот спонзор на Дејвис Купот.“ – рече Хјуит.

Од друга страна, дел од врвните тенисери изјавија дека ќе размислат за нивното учество, а дел го поддржаа новото репрезентативно натпреварување, кое што ќе се одржува како најава за Аустралиан Опен.

„Нашата цел е да ја акцентираме тимската димензија на овој спорт. Затоа Дејвис Купот опстана 118 години. Тука не станува збор за индивидуалците, туку за репрезентациите.“ – рече Пике.

Неговата компанија Космос, основана 2017-та, минатата година склучи договор вреден 3 милијарди долари за 25 години, со Интернационалната Тениска Федерација, за организација на Светскиот Куп во тенис.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС