Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Остава сигурна титула во Шкотска за да спасува тим во Премиер лигата

Малкумина можат да разберат што му се врти низ главата на Брендан Роџерс последните денови.

Тренерот кој за малку не ја освои титулата во Премиер лигата со Ливерпул пред 5 години е на пат да се врати во ова првенство иако е на чекор од трофејот во Шкотска. Последните три сезони тој е менаџер на Селтик со кој освои две титули и на 11 кола пред крајот на оваа има 8 бода повеќе од Ренџерс.

Но, на негова адреса стигна понуда да се врати во Премиер лигата што очигледно е сон на секој тренер. Понудата е од Лестер кој неодамна го отпушти Клод Пуел и е во потрага по нов менаџер.

Роџерс побарал и добил дозвола од Селтик да преговара со Лестер и наскоро може да се очекува да дојде до договор.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ