Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

МУРИЊО: Само во еден клуб ми беше идеално!

Двојниот освојувач на Лигата на шампионите веќе два месеца е на одмор откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед.

По Челси, Интер и Реал Мадрид, тоа беше негов четврти елитен клуб во тренерската лариера, но со него направи најмалку – освои само два трофеја, еден во Лига Европа и еден во англискиот куп.

Пред да најде нов ангажман, за англискиот Телеграф изјави дека само во еден клуб досега му било добро, односно немал притисок за освојување трофеи веднаш.

„Во Интер постои притисок, но не како во другите клубови. Луѓето разбираат и навивачите често сами сфаќаат дека не може ништо повеќе од тоа.

Потребна е работа и ситуација во која сите можат да напредуваат. Тоа го имав во Интер и беше идеално“, изјави Мурињо.

Ова е негова најдолга пауза по 2007 година кога во септември доби отказ од Манчестер Јунајтед и чекаше 9 месеци за да почне со работа во Интер.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ