Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

(ВИДЕО) Овој Јунајтед можеше да се бори за титула

Манчестер Јунајтед продолжува со извонредните настапи под водство на Оле Гунар Солскјер, а нова жртва на менито беше Фулам. “Црвените ѓаволи” рутински прокнижија нови три бода, славејќи со 0:3 на “Крејвен Котиџ”.

Пол Погба во 14-тата минута донесе рано водство за Јунајтед, а на 2:0 зголеми неговиот сонародник Ентони Марсијал во 23-тата минута со фантастичниот соло продор низ речиси целата одбрана на Фулам.

Во вториот дел, Мата беше соборен во противничкиот шеснаесетник, а Погба со удар од белата точка ги постави конечните 0:3.

Норвежанецот Солскјер на овој натпревар им даде одмор на Решфорд и на Линелоф, во пресрет на дуелот од Лигата на шампионите против ПСЖ, што ќе се игра во вторник на „Олд трафорд“.

Со овие три бода Манчестер Јунајтед се искачи на 4-тата позиција на табелата во Премиер лигата со 51 бод, но и со натпревар повеќе во однос на конкурентите Челси и Арсенал.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ