Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Јувентус го враќа Погба во Торино!?

Италијанскиот шампион Јувентус е во обид да го врати во своите редови францускиот репрезентативец Пол Погба.

Французинот најави дека е подготвен да си замине од Манчестер Јунајтед и покрај желбата на Оле Гунар Солскјер да го има во својот состав и следната сезона.

Се чинеше дека Погба ќе биде следното големо засилување за Реал Мадрид, по потписот на Еден Азар, но Флорентино Перез и Зинедин Зидан се повеќе се насочуваат кон Данецот Кристијан Ериксен, за засилување на средниот ред на “кралевите”. Па, токму поради тоа, враќање во Јувентус е најреалната опција за Погба во моментов.

Доколку “црвените ѓаволи” се согласат да го пуштат Погба да си замине од “островот”, тој би се вратил во редовите на “старата дама” како позајмен играч една сезона со опција за задолжителен откуп на договорот следната сезона.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ