Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Чист гол поништен на Ајакс!?

Првпат во историјата на Лигата на шампионите не е признат погодок по консултација со ВАР.

Го поништи словенечкиот судија Дамир Скомина на натпреварот меѓу Ајакс и Реал во Амстердам.

Ситуацијата е крајно спорна, а голот е анулиран поради офсајд на Тадиќ по шутот со глава на Николас Таљафико. Србинот нема контакт со топката, но го блокира Куртоа, според Скомина.

Ајакс беше многу подобар противник во првото полувреме, но не успеа да ја круниса својата доминација.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ