Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Челси, Милан и Јувентус прават голема размена на напаѓачи

Како што се приближува крајот на годината и почетокот на јануарскиот преоден рок, така се повеќе се зачестуваат шпекулациите околу можните трансфери во најава. Најновата вест доаѓа од Италија, која тврди дека во јануарскиот преоден рок ќе се случи голема трампа на напаѓачи на Милан и Челси, со одобрување од Јувентус.

Маурицио Сари е огромен фан на играта на Гонзало Игуаин уште кога аргентинецот и италијанскиот стручњак соработуваа во Наполи. Сари често изјавува дека Игуаин е најдобриот напаѓач со кој соработувал, па не би имал ништо против во јануари да го донесе во Челси и повторно да ја обноват соработката.

Од друга страна, тој сака да се ослободи од Алваро Мората кој сезонава има проблем со самодовербата и ефикасноста. Ако на тоа се додаде податокот дека Милан сериозно го посакуваше шпанецот изминатово лето, на согласност на Џенаро Гатузо доколку ја задржи својата тренерска позиција кај “росонерите”, би можело да дојде до голема трампа на напаѓачите.

Основна пречка за реализација на трансферот ќе биде Јувентус, во чија сопственост е Игуаин, а во Милан е на позајмица со опција за задолжителен откуп на неговиот договор. Но, доколку се согласи, клубот од Торино уште зимава ќе ги добие парите од трансферот, Игуаин ќе ја обнови соработката со Сари, а Мората ќе се врати во Италија, каде бележеше најдобри настапи во својата кариера. Така сите страни ќе бидат задоволени, па само прашање на време е кога оваа мега трампа ќе стане реалност!?

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ