Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

[ФОТО] ЛЕГЕНДАРЕН триумф прослави триото Кантона, Фергусон и Солскер

Ревашот од осминафиналето на Лигата на шампионите донесе огромен триумф на екипата на Јунајтед против ПСЖ. По првата средба помеѓу двете екипи во Манчестер на никого веројатно не му паѓаше на памет што ќе се случува во Париз.

Црвените ѓаволи успеаја да дојдат до неверојатен триумф за кој секој поединец имаше своја заслуга. На тој начин Манчестер Јунајтед се пласираше во четвртфиналето од ЛШ.

Задоволството од развојот на настаните не го криеше легендарната тројка Ерик Кантона, сер Алекс Фергусон и Оле Гунар Солскер. Тие по средбата се фотографираа во соблекувалната на Јунајтед и го овековечија овој легендарен момент.

Легендите остануваат легенди!

 

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ