Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Фамилијата Икарди не попушта: Нема нов договор со Интер!

Капитенот на „нераѕурите“ цврсто застана во одбрана на својата сопруга и менаџер во периодот кога во ек се преговорите за нов договор.

Со две објави на Твитер, Мауро Икарди им се обрати на навивачите на Интер кои последните денови се загрижени за иднината на нивниот миленик. Првата објава се однесува на Ванда Нара, а втората на преговорите.

„Сакам да потенцирам дека сум многу, многу среќен со нејзината досегашна работа и Ванда ќе се грижи за моите интереси до крајот на кариерата.

Во исто време, имам порака до навивачите да не им веруваат на псевдоновинарите и ’сериозните“ медиуми кои ги пишуваат своите информации по инструкции, а не по реални сознанија.

 

Ќе го продолжам договорот со Интер кога ќе добијам вистинска и конкретна понуда и тогаш сите ќе бидат запознати со тоа“, напиша Икарди.

Договорот на аргентинскиот репрезентативец истекува на 30 јуни 2021 година, но раководството на Интер сака да го продолжи за да не го загуби капитенот претстојното лето.

Реал е расположен да ја плати откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра и тој трансфер може да се реализира претстојното лето.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ