Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Условите кои Зидан ги поставил за да се врати во Мадрид

Миленикот на навивачите, Зинедин Зидан е старо-нов предводник на Реал Мадрид, откако клубот официјално ја потврди информацијата, која кружеше веќе неколку денови низ шпанските медиуми.

Официјалното назначување на Зидан, доаѓа веднаш по отказот на Сантијаго Солари, кој беше ослободен од должностите како тренер. И покрај победата против Ваљадолид, хиерархијата на клубот одлучи да го отпушти Солари, откако тој го загуби целиот кредибилитет по трите порази во низа со кои ги загуби сите шанси за титула сезонава.

Сепак, Флорентино Перез имаше тешка задача да го убеди Французинот да се врати на кормилото на Реал Мадрид, бидејќи Зидан поставил неколку услови. ж

Условите кои Зидан ги поставил за да се врати во Реал Мадрид се:

  • Целосна контрола врз тимот и трансферите;
  • Да се продадат играчите кои тој не ги сака во клубот;
  • Поголем респект за Марсело и Кејлор Навас;
  • Клубот да не го купува Нејмар;
  • Хамес Родригез да не биде вратен во тимот;
  • Да се купат Еден Азар или Килиан Мбапе;
  • Иско да остане во Реал Мадрид.

Сите овие услови, Перез без двоумење ги прифатил со цел да го врати назад вториот најуспешен тренер во историјата на клубот.

За време на својот прв престој во клубот како прв тренер, за помалку од три сезони, Зидан успеа да освои девет трофеи.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ