Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Требаше да биде дерби, но Челси страдаше на Етихад!

Фудбалерите на Манчестер Сити убедливо ја совладаа екипата на Челси на Етихад во 26. коло од премиер лигата со резултат 6:0 и со тоа повторно се вратија на првата позиција на табелата.

Актуелниот шампион сега има 65 бодови, колку и второпласираниот Ливерпул, но и натпревар повеќе во однос на црвените. Од друга страна, Челси падна на шестата позиција на табелата со 50 поени исто колку и петопласираниот Арсенал.

На Етихад од првата до последната минута постоеше само една екипа. Сити од самиот почеток ги подбраа играчите на Челси, решавајќи го прашањето околу победникот по само 25 минути, откако поведоа со убедливи 4:0.

Голеадата ја отвори Стерлинг со гол во 4. минута, за потоа на сцена да стапи маестралниот Агуеро кој во продолжение од натпреварот дојде до 11. хет-трик во Премиер лигата и со тоа се изедначи со легендарниот Алан Ширер.

Аргентинегот во 13. минута ја “скина пајажината” од 20-тина метри, додека во 19. минута ја искористи “асистенцијата” на Рос Баркли од Челси, кој невнимателно ја врати топката и несреќно му асистираше на Кун. Хет-трикот беше крунисан од пенал во 56. минута.

Сјајниот аргентинец можеше да го постигне и четвртиот погодок денес, но ја погоди само пречката.

Во меѓувреме, Сити се поигруваше со противникот, кој вопоследните два натпревари во гости прими дури 10 погодоци (откако беше поразен од Борнмут со 0:4).

Покрај погодоците и пречката на Агуеро кој излезе од игра во 65. минута, неговата замена Габриел Хесус можеше да го совлада Кепа од изгледна ситуација. Шпанецот тогаш сјајно одбрани, ни не можеше да направи ништо во 80. минута.

Жинченко по продор од левата страна испрати повратна топка на петерецот, од каде Стерлинг без проблем погоди и стигна до својот втор погодок и го постави конечниот резултат.

 

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ