Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

ТРАНСФЕР БОМБА: Нејмар се договори со Барселона

Нејмар веќе ги договорил условите за 5-годишен договор со Барселона, велат извори од Шпанија.

Бразилскиот интернационалец очајно посакува да го напушти тимот на ПСЖ ова лето и јасно им ставил до знаење на челниците на Францускиот клуб и претседателот Насер Ал-Келаифи дека негова желба е да се врати во Барселона.

Извори од Шпанија велат дека Нејмар усно ги договорил условите понудени од Барселона, без никаков приговор, притоа истакнувајќи свесност за фактот дека Барселона ќе мора да плати огромна сума на пари за да го купи одново бразилецот.

Според неофицијални извори, 27-годишниот Нејмар се согласил на договор според кој драстично ќе му биде намалена платата.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ