Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

ТРАНСФЕРИ: Најновите вести во Серија А

Играчот од средниот ред на Херенвен, Мортен Торзби е во Џенова на медицински прегледи пред летниот трансфер (5 сезони) во Сампдорија. Норвежанецот има 22 години, на крајот на сезоната му истекува договорот и поради тоа од јануари има право да преговара со други екипи.

Албанецот Елисеид Хисај од Наполи, сака јануарски трансфер во Челси, ако Анчелоти не планира да го користи во италијанската екипа. Бекот (24) летоска договорил соработка со новиот тренер на сините, Маурицио Сари, но донот на клупата на Наполитанците го блокирал дилот.

Фабио Борини се сели од Милан, во редовите на Шенжен. Напаѓачот е подготвен да замине, Кинезите понудиле една сума што потоа и ја зголемиле на 8.5 милиони евра, затоа што росонерите побарале 10. Евентуален проблем за кинескиот клуб би бил законот што вели еквивалентно вложување и во развојната школа, во висина на трансферите.

Џанлука Манчини е на радарот на Рома и Интер, како и на други големи клубови во Италија, но тој во јануари останува во Аталанта, вели неговиот агент за Газета. Според истиот извор, се наведува интерес и од англиски и германски клубови.

Наполи ќе остане без централниот дефанзивец Калиду Кулибали, кој што најверојатно заминува за Барселона за 120 милиони евра. Сенегалецот е еден од најдобрите светски одбранбени играчи, Наполи веќе одби неколку англиски понуди за него, Реал Мадрид исто така се интересира.

Интер се интересира за Јоаким Андерсен од Сампдорија, но прво треба да го продаде Жоао Миранда. Бразилецот го загуби местото кај нероаѕурите, сака да игра повеќе и најверојатно заминува. Понудата за Данецот ќе биде 5-6 милиони евра за позајмица во јануари со обврска да го откупат на лето и еден талент од редовите на Интернационале.

Јувентус го одбил Милан за напаѓачот Моисе Кен. Росонерите очајно бараат напаѓач што би го користеле во ротација со Игуаин и Кутроне, но се лимитирани од финансискиот фер-плеј. Бјанконерите најавиле дека ќе го обноват договорот со 18 годшниот италијански голгетер.

Една од алтернативите за миланезите е 25 годишниот напаѓач на кинескиот Јифанг, белгискиот интернационалец Јаник Караско кој што сака да се врати во Европа. За таа цел, тој ќе мора да се откаже од голем дел од сегашната плата (11 милиони евра), поради финансискиот фер-плеј, ако сака да игра во Милан.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ