Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

СРАМЕН ПОТЕГ НА БАНКАРОТ ОД ТОСКАНА: Маурицио Сари не се поздрави со Пеп Гвардиола!

Манчестер Сити му одржа фудбалска лекција на Челси, совладувајќи го со неверојатни 6:0 на Етихад (4:0 полувреме).

Но, крајот на натпреварот донесе сосема неочекуван развој на настаните. Веднаш откако судијата означи крај на натпреварот, тренерот на Челси, Маурицио Сари на подадената рака од противникот Гвардиола се направи “наудрен” и не возврати со спортски поздрав и честитки за “бесплатната” лекција која му ја одржа попладнево.

За среќа, во близина се најде Џанфранко Sола кој се ракуваше со шпанецот и успеа колку – толку да ја спаси оваа катастрофа на сините.

Овој потег на банкарот од Тоскана, веќе започна да кружи по социјалните мрежи и секако дека италијанецот ќе треба да даде повеќе од солидно образложение за истиот.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ