Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Спектакуларна трампа на повидок – Иско за Дибала

Флорентино Перез испратил неверојатна понуда до раководството на Јувентус за размена на играчи на крајот од оваа сезона.

Торинскиот весник Тутоспорт тврди дека го понудил Иско кој е во тешка депресија во тимот на Реал за аргентинската ѕвезда на „бјанконерите“ Пауло Дибала.

Јувентус веќе изрази заинтересираност за трансфер на Иско, но Флорентино Перез сака да го искористи тоа за да профитира и да донесе квалитетен играч како замена за него.

Шпанскиот репрезентативец никако не може да се избори за место во екипата под водство на Сантиаго Солари, повеќе е на клупата отколку во игра и поради тоа е расположен да си замине од „Бернабе“. Од друга страна, Дибала е во сенка по доаѓањето на Роналдо, долго време беше резерва, но во последните кола доби шанса во почетната постава.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ