Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Солскјер го донесе првото засилување на “Олд Трафорд”, но фановите се разочарани

По очајната сезона во која не успејаа да освојат нуту еден трофеј, а дополнително на тоа не се квалификуваа ниту во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите, фановите на Манчестер Јунајтед бараат од управата летово да се донесат квалитетни засилувања.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер успеа да го донесе првото засилување откако го обезбеди потписот на Даниел Џејмс од Свонси за 17 милиони фунти.

Сепак, фановите се крајно разочарани и револтирани кои сметаат дека наместо да се носат играчи кои ќе го подигнат квалитетот на играта, управата и менаџерот носат тотални анонимуси на “Олд Трафорд”.

Даниел Џејмс е 21-годишен фудбалер кој настапува на крилната позиција и ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот крај Маркус Рашфор, Ентони Марсијал и Џеси Лингард.

„Даниел е талентиран млад крилен играч, кој има одличен преглед на играта, извонредна брзина и е подготвен напорно да работи за да напредува.

Тој имаше одлична сезона во Свонси, а ги поседува сите квалитети за да успее и во Манчестер Јунајтед“ – изјави Оле Гунар Солскјер за своето прво летно засилување.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ