Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Се подготвувавме за финалето и Роналдо ми рече – си одам!

Менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендес многу пати повтори дека трансферот во Јувентус му го договорил на крајот од минатата сезона.

Марсело сега открива дека ситуацијата не била таква. Роналдо знаел дека ќе си оди уште пред финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул во Киев.

„Трениравме за финалето и тој ми кажа – си одам! Не знаев што да му одговорам“, изјави Марсело.

Тој успешно ја криел тајната повеќе од еден месец затоа што трансферот на Роналдо беше официјално објавен во средината на јули, пред крајот на Светското првенство во Русија.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ