Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Само еднаш сме изгубиле во прво коло, азијците редовно ги „мачкаме“

Македонската ракометна репрезентација се наоѓа пред уште еден настап на Светско првенство.

Тоа ќе биде наше шесто учество на планетарните собири, четврто во низа, почнувајќи од 2013 година. Прв противник ни е Јапонија, шестопласирана селекција од последното Азиско првенство.

Традицијата е на наша страна, прво поради тоа што имаме максимален ефект против репрезентациите од Азија, а второ, бидејќи од претходните пет учества, само еднаш не сме оствариле победа во првото коло.

Тоа се случи на Мундијалот во Хрватска пред една деценија кога на стартот загубивме од Тунис со 24:25. Претходно, во 1999 година ја победивме Саудиска Арабија (28:21), во 2013 славевме против Чиле (30:28), во 2015 му се одмаздивме на Тунис (33:25), исто како и пред две години (34:30).

Кога станува збор за дуелите со азиските селекции, се почна со веќе спомнатиот дуел против Саудиска Арабија пред 20 години што беше деби за нашиот национален тим на Мундијалите.

Во 2009 година ја победивме Јужна Кореја во борбата за пласман, во 2013 година жртва ни беше Катар (34:30), а во 2015 Иран (33:31). На претходното Светско првенство не се сретнавме со репрезентација од Азија.

*насловна фотографија: IHF

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ